недела, октомври 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Затворена предистрагата за набавка на модуларните болници за време на Ковид кризата

Затворена предистрагата за набавка на модуларните болници за време на Ковид кризата

641

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и надлежната обвинителка Верица Бержецка ја затворија предистрагата за случајот со набавката на 17 модуларни болници за време на Ковид кризата и уште други три јавни набавки, за набавка на посебни контејнери и медицинска опрема.

Како што објасни обвинителката јавните набавки биле спроведени согласно процедурите, не бил оштетен државниот буџет, бидејќи најголем дел од средствата биле пренаменети од швајцарската амбасада.

Обвинтелката која што е трета по ред во истрагата рече дека не гледа конкретни дејства под кои би се остапило од процедурите и поради тоа нема прекршување на член 353 од Законот за кривична постапка- неизвршување на службена должност.

Од Обвинтелството нагласија дека станува збор за јавните набавки, а за материјалите од кои биле изградени модуларните болници, Светска банка дала позитивно мислење со одредени забелешки кои подоцна биле запазени. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ