вторник, септември 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Државниот секретар на САД Рубио во честитките за 35-години независност нагласи дека...

Државниот секретар на САД Рубио во честитките за 35-години независност нагласи дека Македонија игра важна улога во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста во регионот

0
Фото:википедија

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес ѝ го честиташе Денот на независноста на Македонија и нагласи дека Вашингтон е горд што стои покрај Скопје како сигурен сојузник и партнер.

„Во име на американскиот народ, им упатувам најтопли честитки на народот на Македонија по повод 35 години независност.

Соединетите Американски Држави се горди што стојат покрај Македонија како сигурен сојузник и партнер“, се вели во честитката на Марко Рубио, објавена на веб-страницата на Стејт департментот.

Тој нагласи дека Македонија игра важна улога во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста низ целиот регион преку нејзината посветеност на заедничка одбрана и соработка во борбата против тероризмот и напорите за сајбер безбедност.

Државниот секретар на САД го поздрави континуираниот раст на нашето економско партнерство, вклучително и преку овогодинешниот Стратешки дијалог во Вашингтон.

Заедно, ги унапредуваме можностите во енергетиката, инфраструктурата, технологијата и другите сектори за зајакнување на просперитетот во двете наши земји. Ви посакуваме среќен Ден на независноста и континуиран мир, безбедност и просперитет во годините што доаѓаат“, рече Рубио.

ИЗДВОЕНИ