Загребската полиција привела 30-годишен маж кого го пронашле во парк со експлозивна направа и два остри предмети.
Мажот бил уапсен вчера по дојава од граѓани, а подоцна било утврдено дека по него е распишана потерница за вкупно пет кривични дела, пишува дневник.хр.
Полицијата објави дека во саботата околу 17:15 часот добила пријава дека непознат маж седи на клупа во парк на улицата Андриловечка и дека поседува можна експлозивна направа.
Веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле мажот со два остри предмети до него. Покрај нив е пронајдена и експлозивна направа, која е безбедно отстранета и конфискувана.
Осомничениот е однесен во службените простории под сомнение за сторено кривично дело недозволено поседување, производство и стекнување оружје и експлозивни направи.
Полицијата утврдила дека мажот е 30-годишно лице кое е барано за вкупно пет различни прекршоци и кривични дела.
Загрепската полиција презела мерки против него неколку пати во претходните години.
Со алкотест е утврдено дека престапникот имал 2,14 промили алкохол во крвта, по што бил сместен во посебна просторија додека не се отрезни.
Со оглед на тоа што претходно му била одредена мерка притвор, тој е однесен во затвор во саботата.












