Бројот на жртви во мигрантската криза во шпанската енклава Сеута се искачи на 24 откако беа пронајдени уште шест тела на брегот, а шпанскиот премиер Педро Санчез отпатува во градот за да го координира одговорот на властите на масовниот прилив на мигранти од Мароко.
Според проценките на шпанското Министерство за внатрешни работи, околу 49.000 мигранти влегле во Сеута по море и копно од Мароко во последните 24 часа, и покрај зголемените безбедносни мерки на границата, пренесе Мондо.
Помал број мигранти се обидоа да влезат и во друга шпанска енклава, Мелиља.
Санчез пристигна во Сеута во придружба на министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка, каде што се сретна со претставници на полицијата, Цивилната гарда и локалните власти.
Неговата посета беше обележана со протести и вербални инциденти пред хелиодромот, како и кратки судири меѓу демонстрантите и полицијата, пренесува Танјуг.












