вторник, септември 29, 2026
Дома СВЕТ Рации низ Европа поради измама со мобилни телефони

Рации низ Европа поради измама со мобилни телефони

0

Полицијата спроведе рации во 19 европски земји поради сомневања за измама со мобилни телефони продавани преку интернет, која предизвикала штета проценета на околу 300 милиони евра, соопштија обвинителите на ЕУ.

Европското јавно обвинителство (EPPO) наведе дека криминални организации продавале повеќе од еден милион половни мобилни телефони, претставувајќи ги како нови, се вели во соопштението за јавноста објавено во вторникот.

Од саботата, низ Европа се спроведени повеќе од 160 претреси, што резултираше со апсење на седум осомничени лица во Австрија, Германија и Шпанија – вклучително и двајца водачи на организацијата – извести EPPO.

Според извештаите, измамата предизвикала и загуба на приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ поголем од 30 милиони евра за неколку земји од ЕУ.

ИЗДВОЕНИ