Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека петмина војници загинале кога хеликоптер на Командата на воздухопловните сили се урнал за време на лет за обука во Ескишехир.
Министерството не ја откри причината за несреќата во која учествувал хеликоптер од типот AS-532. Тие наведоа дека хеликоптерот се урнал за време на воена вежба, пренесе агенцијата Анадолија.












