петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Дожд измешан со нафта паѓа во Иран по нападите врз нафтените постројки

Дожд измешан со нафта паѓа во Иран по нападите врз нафтените постројки

118
screenshot

Светската здравствена организација предупреди дека нападите на САД и Израел врз иранските нафтени постројки ја загадуваат храната, водата и воздухот во земјата.

„Во некои делови од земјата е пријавен дожд измешан со нафта“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалните мрежи.

Тој додаде дека таквото загадување може да има особено тешки последици за децата, постарите лица и луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми.

Во американско-израелските напади за време на викендот беа погодени неколку нафтени постројки во Техеран и околината, при што загинаа четири лица, според иранската државна телевизија.

ИЗДВОЕНИ