петок, октомври 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Досегашниот тим се откажува од организирањето на „Божиќниот базар“ во Кичево

Досегашниот тим се откажува од организирањето на „Божиќниот базар“ во Кичево

103

По пет години, досегашниот тим веќе нема да го организира Божиќниот базар во Кичево, информираат од досегашната организација, преку објава на социјалните мрежи.

Во емотивната порака, тие се навратија на почетоците на базарот, кој започна со две мали маси на градскиот плоштад, а со текот на годините прерасна во празнична и хуманитарна иницијатива во која учествувале голем број кичевчани.

Организаторите од здружението „Божиќен базар Кичево“, кои низ годините, во студени и дождливи денови пожртвувано работеа, собирајќи донации и помош за оние на кои им е најпотребна, до заеднички дружења и празнична атмосфера на плоштадот, на нивната социјална мрежа пред јавноста истакнаа дека ги прекинуваат активностите.

– „Божиќниот базар“ ни покажа една голема вистина, Кичево може многу повеќе – порачуваат организаторите, со надеж дека во иднина повторно ќе се слушне првиот крик на плоштадот во чест на добрината, но и на хуманоста. Тие упатуваат дека причините за повлекување од активностите се лукративни.

 

 

ИЗДВОЕНИ