четврток, октомври 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Извршен оперативен зафат на канџите на тигарот

Извршен оперативен зафат на канџите на тигарот

28

Во Зоолошката градина во Битола бил реализиран успешен и исклучително важен оперативен зафат на канџите на тигарот.

– Кај постарите мачки, со текот на годините, доаѓа до природно зголемување и искривување на канџите, кои може да прераснат во перничињата и да предизвикаат болка или повреда. Затоа тим од четворица врвни ветеринарни лекари изведе прецизно уредување на канџите, со што повторно му овозможивме на тигарот целосен комфор во движењето – соопштија од Зоолошката градина во Битола.

Оттаму истакнуваат дека била искористена оваа безопасна седација за да се направи комплетен и детален здравствен преглед, односно проверка на кардиоваскуларниот систем и на респираторната состојба, дентален преглед и чистење на забите, како и земање крвни примероци за стандардни биохемиски анализи.

Од Зоолошката градина во Битола велат дека операцијата поминала во најдобар ред, а тигарот успешно закрепнува под постојан надзор на зоонегувателите и на ветеринарниот тим.

 

ИЗДВОЕНИ