четврток, јуни 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА До 18 часот во Македонија локализирани шест пожари – четири од нив...

До 18 часот во Македонија локализирани шест пожари – четири од нив се изгаснати

14

На територијата на Македонија до 18 часот денеска се регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор. Според податоците од надлежните служби, еден пожар сè уште е активен, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати.

Активен останува пожарот во гостиварскиот регион, во близина на селото Чегране, каде што се зафатени ниска вегетација и грмушки.

Под контрола е ставен пожарот кај селото Железница во Општина Кратово, каде што горела депонија.

Во текот на денот пожарникарите успешно интервенирале и целосно ги изгаснале пожарите во повеќе општини низ државата.

Меѓу нив е пожарот меѓу селата Муртино и Банско во струмичкиот регион, каде што биле зафатени ѓубре, ниска вегетација и шибје. Изгаснат е и пожарот во Општина Теарце, во близина на бензинската пумпа „Стјудес Петрол“, каде што горела ниска вегетација.

Под контрола се ставени и пожарите на потегот меѓу селата Панчарево и Црник во Општина Пехчево, како и кај селото Долно Дуќани во велешкиот регион.

Надлежните служби и понатаму внимателно ја следат состојбата на терен, особено поради високите температури и зголемениот ризик од избувнување пожари.

Од институциите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при движење и престој на отворен простор и да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожар.

ИЗДВОЕНИ