среда, јуни 17, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот нема да бидат засегнати економскиот пораст и поддршката на...

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот нема да бидат засегнати економскиот пораст и поддршката на граѓаните

50

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки – вели министерката за финансии,Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА.

Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и обврските кон економијата.

– Во овој контекст, нема да бидат засегнати ставките што придонесуваат за економски пораст и кои се реализираат во согласност со планираната динамика, особено капиталните инвестиции, како и мерките за поддршка на граѓаните насочени кон унапредување на животниот стандард – истакнува Димитриеска-Кочоска.

Според неа, со ребалансот на буџетот ќе се остане во основата на среднорочната фискална рамка утврдена со фискалната стратегија за периодот 2027 – 2031 година.

Во согласност со објавените податоци, во првиот квартал годинава, јавниот долг во апсолутен износ изнесува 10,747 милијарди евра или 59,7 проценти од БДП и, посочува министерката, бележи намалување за 1,5 п. п. во споредба со состојбата на 30 јуни 2024 година или кога ја презедовме власта.

– Имаме многу внимателен пристап во управувањето со јавниот долг и севкупно со јавните финансии и силно сме посветени на создавање услови за остварување повисоки и одржливи стапки за развој – вели министерката за финансии.

ИЗДВОЕНИ