среда, ноември 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нови детски игралишта се градат во Кавадарци  

Нови детски игралишта се градат во Кавадарци  

1

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, објави дека се во тек активностите за изградба на нови детски игралишта во населбата Бел Камен и на спојот на Западен булевар со улица „Ресавска“.

Тој информираше дека игралиштата ќе биде опремени со гумена подлога и детски реквизити, со што ќе се создадат безбедни и уредени простори за игра, забава и дружење на најмладите.

– Со изградбата на нови детски игралишта создаваме подобри услови за нашите деца, поттикнуваме активна игра и дружење и вложуваме во посреќно и побезгрижно детство. Грижата за најмладите е вложување во нашата иднина – истакна Јанчев

Изведувач на работите е компанијата „Теракота“ од Прилеп.

ИЗДВОЕНИ