ЈП „Водовод и канализација” – Струга ги известува сите граѓани кои нелегално се приклучени на водоводната мрежа, да се пријават во претпријатието за да се евидентираат и легализираат нивните приклучоци.
Од претпријатието ги повикуваат сите граѓани да ја искористат оваа можност и да го регулираат статусот на своите приклучоци, согласно со важечките законски процедури и прописи.
– Во спротивност, против сите лица кај кои ќе бидат утврдени нелегални приклучоци на водоводната мрежа и за лицата кои работеле на изведувањето на овие приклучоци, ќе бидат преземени соодветни законски мерки, согласно со Законот за водоснабдување и одведување на урбани отпадни води – соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.
Контролата на терен и откривањето на нелегалните приклучоци ќе се вршат во соработка со Министерството за внатрешни работи – Полициска станица Струга.












