Бројот на работници во индустријата во септември 2026 година бил намален за 2,9 проценти во споредба со тој месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Анализирано според сектори, најголем пад е регистриран во рударството и во вадењето камен, каде што е намален бројот на работници за 7,6 проценти. Во преработувачката индустрија, намалувањето изнесува 2,9 проценти.
Наспроти овој тренд, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележан раст на бројот на работници од 1,5 проценти.
Намалување е регистрирано кај сите главни индустриски групи. Најизразен пад има кај нетрајните производи за широка потрошувачка, од 4,5 проценти. Кај капиталните производи и интермедијарните производи, освен енергија, намалувањето изнесува по 2,7 проценти.
Кај трајните производи за широка потрошувачка, бројот на работници е намален за 1,7 проценти, додека кај групата енергија падот изнесува 1,6 проценти.
Негативниот тренд е присутен и на кумулативно ниво. Во периодот од јануари до септември 2026 година, во споредба со тој период минатата година, бројот на работници во индустријата е намален за 2,8 проценти.












