„Парамаунт пикчерс“ го објави првиот трејлер за филмот „Ебенезер“, темна адаптација на класикот на Чарлс Дикенс во режија на Тај Вест. Во него, Џони Деп го омтерпретира ликот на озлогласениот Ебенезер Скруџ, пишува „Варајети“.
Трејлерот го прикажува Деп како Скруџ, кој е прогонуван од духовите на Божиќ за време на празниците. Во ретки моменти на одмор од справувањето со неговото болно минато, намќорестиот старец фрла снежни топки кон минувачите.
Ова е неговата прва голема холивудска улога по судењето на Амбер Херд, пренесува „Индекс“.
„Добро е што се вратив“, вели Скруџ, ликот на Деп, на крајот од трејлерот.
„Ебенезер“ е првиот голем проект на Деп за холивудско студио по исцрпувачката и многу публицизирана правна битка со Херд. Поранешните сопружници се обвинија меѓусебно за семејно насилство, а поротата на крајот ги прогласи двајцата за одговорни за клевета.
На Деп му беа доделени 10 милиони долари компензаторна отштета и 5 милиони долари казнена отштета, додека на Херд му беа доделени 2 милиони долари отштета.
Деп ја изгуби улогата на Гринделвалд во третиот филм од франшизата „Фантастични ѕверови“ во 2018 година, а беше заменет од Мадс Микелсен. Оттогаш глумеше во меѓународни продукции како што се „Минамата“ и „Жан ди Бари“, а го режираше и независниот филм „Моди, три дена на крилото на лудилото“.
Неговата кариера сега продолжува со филмот „Ебенезер“, како и улога во претстојниот акционен трилер на „Лајонсгејт“ „Дневен пијач“, во кој ќе глуми заедно со Мадлен Клајн и Пенелопе Круз.
Покрај Деп, во филмот играатт и Андреа Рајзборо, Трамел Тилман, Иан Мекелен, Руперт Гринт и Дејзи Ридли.
Режисерот Тај Вест, познат по хорор филмовите „Перл“ и „МеXXXine“, за време на презентацијата на трејлерот на „СинемаКон“ (CinemaCon) рече дека адаптации на „Божиќна песна“ се неговиот прв обид за хорор жанр.
„Ебенезер“ излегува во кината на 13 ноември.












