петок, јули 24, 2026
Дома СВЕТ Трамп најави истрага и царини за Европската Унија

Трамп најави истрага и царини за Европската Унија

0
EPA/KEN CEDENO / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави започнување трговска истрага против Европската Унија и воведување „значајни царини што е можно поскоро“ поради казните што ги наметнаа европските регулатори на големите американски технолошки компании.

„! Европската Унија, како и обично, директно ги таргетира големите американски компании. Откако ја казни компанијата „Епл“ со 15 милијарди долари без причина, „Мета“ со 3 милијарди долари, „Амазон“ со 2,5 милијарди долари и многу други, штотуку бевме информирани дека „Гугл“ е казнет со уште 1 милијарда долари, без објаснување“, рече Трамп на социјалната мрежа „Трут соушал“.

Тој истакна дека оваа „нелегална и многу дискриминаторска практика“ започнала на толку високо ниво во текот на првата година од администрацијата на „поспаниот Џо Бајден“ и рече дека нема да продолжи за време на неговата администрација.

Соединетите Држави не се „касичка за Европа“, ниту пак ќе дозволиме да бидат. Нека оваа вистина послужи како знак дека веднаш ќе започнеме истрага за практиката на „ограбување“ на американските компании, а со тоа и на американските даночни обврзници, рече Трамп.

Тој рече дека Европската Унија ќе плати „многу голема цена за ова нелегално и многу неетичко однесување“ и додаде дека казните ќе бидат целосно поништени.

„Исто така, очекуваме дека што е можно поскоро ќе им бидат воведени значителни тарифи“, рече Трамп.

Европската комисија ја казни компанијата „Гугл“ со 890 милиони евра за фаворизирање на сопствените услуги во резултатите од пребарувањето, а воедно ги стави конкурентските услуги во неповолна положба.

ИЗДВОЕНИ