Сообраќајот на неколку патни делници на грчкиот полуостров Халкидики денеска е во прекин поради обилни врнежи, кои продолжуваат да го зафаќаат подрачјето.
На местата каде што патиштата се затворени за сообраќај поставени се предупредувачки знаци и сообраќајна сигнализација, пренесува „Катимерини“.
Метеоролошката служба најави дека за денеска, во поголемиот дел од Грција, се предвидуваат обилни дождови и невреме, при што временските услови дополнително се влошуваат, а во одредени делови од земјата е можна и појава на град.












