сабота, јули 4, 2026
Дома КУЛТУРА ДФРМ за предлог-законот за игри на среќа: Македонскиот филм добива нова шанса...

ДФРМ за предлог-законот за игри на среќа: Македонскиот филм добива нова шанса за развој

117

Друштвото на филмските работници на Македонија со соопштение ја поздрави одлуката на Владата, како и заложбите на Министерството за култура и туризам и Агенцијата за филм, за усвојување на предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој влегува во собраниска процедура, а со кој се предвидува Агенцијата за филм да добива 3% од уплатените давачки од игрите на среќа.

– Ваквиот потег на Владата недвосмилено покажува голема поддршка и препознавање на успехот кој години наназад го постигнуваат македонските филмови и покажува силна решеност за поттикнување и зајакнување на развојот на филмската дејност во Македонија. Овој механизам ќе овозможи уште поголема и посистематизирана поддршка на домашната филмска продукција и меѓународните копродукции, исплата на заостанатите долгови, како и повторно отворање на конкурсите за пишување на сценарио, развој на проекти, постпродукција, промоција и ТВ-серии, посочуваат од ДФРМ.

Додаваат дека филмаџиите, по многу години борба и апелирање за состојбите во дејноста, прв пат чувствуваат дека нивната работа е препознаена, а нивниот глас слушнат од страна на државата, за што се благодарни.

– Друштвото на филмските работници на Македонија останува на располагање на Агенцијата за филм и сите останати државни институции за соработка и стручна консултација за понатамошен развој на филмската дејност, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ