Додека Германија реди победи на Светското првенство, зад кулисите се создава сериозна тензија која го потресе таборот на „панцерите“. Во центарот на вниманието не е ниту еден фудбалер, туку Лена Вурценбергер, партнерката на селекторот Јулијан Нагелсман, чие постојано присуство предизвика незадоволство кај репрезентативците.
Според германските медиуми, Лена е речиси постојано со тимот и има пристап каков што немаат ниту семејствата на играчите. Наводно, таа присуствува на тренинзи, престојува во хотелот на репрезентацијата и често е во близина на фудбалерите, што создава чувство на непријатност во соблекувалната.
Извори блиски до националниот тим тврдат дека играчите се чувствуваат ограничено и не можат слободно да разговараат за тактики, натпревари или за самиот селектор додека неговата партнерка е во нивна близина.
Ситуацијата дополнително ја вжешти легендарниот Лотар Матеус, кој јавно го критикуваше Нагелсман. Тој порача дека правилата мора да важат за сите подеднакво и дека никој не смее да има посебен третман во текот на едно големо натпреварување.
Иако Германија засега победува на теренот, атмосферата во репрезентацијата е далеку од идеална. Доколку резултатите тргнат во погрешна насока, притисокот врз Нагелсман и неговата партнерка би можел дополнително да експлодира.











