EPA/Thomas Traasdahl DENMARK OUT

Неколку ракометни гиганти пројавиле голем интерес за големиот шпански талент, Маркос Фис Балестер, јавија повеќе медиуми од Пиринеите. Според информациите, дури девет различни клуба од повеќе европски лиги изразиле желба да го доведат во своите редови. Ова значи дека тој моментално важи за еден од најбараните играчи на трансфер-пазарот.

Поради големиот интерес, се очекува да следуваат преговори меѓу клубовите и неговите претставници, со цел да се утврди каде ќе продолжи со кариерата. Оваа ситуација значително ја зголемува неговата вредност на пазарот и ја потенцира важноста на неговата одлука за следниот чекор во професионалната кариера.

Осумнаесетгодишниот Фис во моментов настапува за екипата на Фрањољерс. Вниманието на гигантите го привлече со одличните настапи на последното Европско првенство во Данска, Ноевешка и во Шведска, кое се одигра на почетокот од годинава.

ИЗДВОЕНИ