петок, септември 11, 2026
Дома СКОПСКА Детското игралиште во Жданец со нов лик

Детското игралиште во Жданец со нов лик

10

Детското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.

Од Општина Карпош информираа дека во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките,  како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето.

-Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови – велат општинските власти.

При тоа, додаваат дека континуирано вложуваат во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации.

-Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност – нагласуваат од локалната самоуправа.

Оттаму апелираат до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која како што велат е наше заедничко добро и простор што го користиме сите.

ИЗДВОЕНИ