Осум деца на возраст меѓу 1 и 14 години беа убиени во масовно пукање во Шривпорт, Луизијана, во неделата, а осомничениот вооружен напаѓач подоцна беше застрелан од полицијата во потера, соопштија локалните власти.
Портпаролот на полицијата во Шривпорт, Кристофер Борделон, на прес-конференција изјави дека некои од децата се во роднинска врска со вооружениот напаѓач и дека пукањето се случило во три домови.
Тој додаде дека најмалку десет лица биле погодени од куршуми, но не откри премногу детали за статусот на преживеаните жртви.
Пукањето се случило веднаш по 6 часот наутро и инцидентот е окарактеризиран како семејно насилство, рече Борделон.
Според него, името на напаѓачот ќе биде објавено штом полициската управа ги информира семејствата на жртвите. „Знаеме дека некои од децата се негови потомци“, рече Борделон.
„Ова е трагична ситуација, можеби најтрагичната што некогаш сме ја имале“, рече градоначалникот на Шривпорт, Том Арсено.
Без да се смета инцидентот од неделата во Шривпорт, оваа година во САД имало најмалку 119 масовни пукотници, при што загинале 117 лица, вклучувајќи 79 деца, а 458 биле повредени.
Ужас во САД: Осум деца убиени во пукање предизвикано од „семеен спор“












