среда, ноември 25, 2026
Дома БАЛКАН Адвокат открива: Сопственикот на „Информер“ за ширење паника и попречување на правдата...

Адвокат открива: Сопственикот на „Информер“ за ширење паника и попречување на правдата може да добие до три години затвор, плус парична казна

0

Сопственикот на српската телевизија и портал „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, уапсен денеска по наредба на Второто основно јавно обвинителство во Белград под сомнение за сторени кривични дела предизвикување паника и неред во продолжено траење, како и попречување на правдата, заедно со кривичната пријава, ќе биде изведен на сослушување пред јавнен обвинител утре.

За Нова.рс адвокатот Денис Беќириќ вели дека за наведените дела предвидени се затворски казни од шест месеци до пет години, со тоа што за попречување на правдата, покрај затворската казна, е пропишана и парична казна. За двете кривични дела во комбинација, тој  теоретски би можел да биде осуден на единствена условна казна, но според адвокатот, „врз основа на сите околности и судската пракса, реално е да се очекува дека сепак ќе станува збор за безусловна затворска казна во опсег од една до три години, како и парична казна“.

Информацијата за апсењето на Вучиќевиќ во српското Собрание ја пренесе Александар Вучиќ, а пратениците од Студентсаката листа ја проследија со аплауз. Наспроти тоа, пратениците на СНС, меѓу кои и довчерашната в.д.претседателка на Собранието, Ана Брнабиќ, се собраа пред полициската станица во која беше однесен Вучиќевиќ.

ИЗДВОЕНИ