Дејвид Бекам ќе биде одликуван со витешка титула за време на прославата на роденденот на кралот Чарлс Трети. Поранешниот фудбалер и капитен на Англија стана член на Редот на Британската империја (ОБЕ) во 2003 година.
Сега ќе биде награден за неговата фудбалска кариера, но и за придонесот во британското општество, дознава BBC Sport, иако листата на добитници на наградите ќе биде објавена следната недела.
Засега се уште нема официјална потврда, а за тоа не сакаа да зборуваат ниту претставниците на печатот на една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал во поновата историја.
Бекам, кој во мај наполни 50 години, забележа 115 настапи за англиската репрезентација, а играше и за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Пари Сен Жермен и Милан.
Тој се повлече од фудбалот во 2013 година.
Бекам, 50-годишниот кој сега е косопственик на американскиот клуб Интер Мајами, наводно првпат бил номиниран за орден витез во 2011 година.
Во 2017 година, неколку британски весници објавија листа на наводни мејлови, во кои Бекам го критикуваше системот на доделување и членовите на комисијата што одлучува за тоа.
Тогаш, неговата е-пошта беше „хакирана“, а пораките беа „манипулирани“ и „приватни“, изјави тогаш неговиот портпарол.
Бекам одигра клучна улога во добивањето на Лондон да биде домаќин на Олимписките игри во 2012 година и беше амбасадор на УНИЦЕФ две децении.