Песната зборува за заминувањето од родната земја, носталгијата и поврзаноста со домот. Со неа, Давид неодамна настапи на 41. издание на „Макфест“. Во спотот играат актерите Владо Јовановски и Марија Кондовска, кои не ги штедеа пофалбите за соработката со Давид, за кој и Владо и Марија кажаа дека го прифатиле како свое родено дете

Како што изјави пред некое време за својата песна „Моја Македонијо“, така и сега, за најновата „Имаш еден дом“, веќе популарниот 35-годишниот поп-пејач Давид Темелков, вели дека е еден убав подарок не само за публиката туку и за неговата родна земја. – Тука сум роден, тука сум пораснал. Македонија ме пораснала, со сѐ она што го носам во срцето за неа, за луѓето што живеат во неа. Ти благодарам, мајко, што сум роден тука!

Така беше и сега, на завчерашната промоција на „Имаш еден дом”… А, тоа беше одлична промоција во секоја смисла на зборот. Со присуство на голем број естрадни новинари, но и на колеги-музичари на Давид. Тој љубезен и соодветно атрактивно облечен, дури и прељубезен од што треба. Вистински домаќин кој не се штедеше на сите да им излезе во пресрет. Mомче со магичен глас и со специфични сценски движења, поради што често го споредуваат со ангелот Тоше. Дури и по бојата на гласот.

Новата песна има и одлично видео издание. Темелков е автор на музиката, текстот и аранжманот на песната, како и на сценариото и режијата на спотот. Песната зборува за заминувањето од родната земја, носталгијата и поврзаноста со домот. Со неа, Давид неодамна настапи на 41. издание на „Макфест“. Во спотот играат актерите Владо Јовановски и Марија Кондовска кои не ги штедеа пофалбите за соработката со Давид, за кој и Владо и Марија кажаа дека го прифатиле како свое родено дете.Пејачот истакна дека спотот сакаше да го сними исклучиво со домашни актери, со најдоброто од Македонија.

– Според мене, македонските актери се подобри и од холивудските актери. Дури и многу природни во своето однесување. – Мојата соработка со Владо започна по еден наш искрен телефонски муабет, откако му ја прераскажав својата идеја. Кога Владо ја слушна песната, беше воодушевен, а јас знаев дека конечно успеав, дека тоа е тоа, вистинското.

Актерката Кондовска вели дека самото снимање поминало во одлична атмосфера, дека ѝ е мошне драго што ги запознала и родителите на Давид. Особено е воодушевена од музичкиот талент на Темелков и неговиот харизматичен начин на комуникација со луѓето. – Темелков има и исклучително благородна душа. Многу сум среќна што бев дел од овој проект, истакна познатата актерка

.

За оние што не знаат, една информација повеќе, која гласи: Давид ја покажува љубовта кон музиката уште од најрана возраст. На 12 години го започнува својот музички пат со настап на детскиот фестивал „Златно славејче“. Меѓутоа популарноста од Вардар до Триглав ја стекнува во 2015 година, со учеството во Балканското музичко шоу „Икс фактор Адрија“, на кое го пријавила неговата мајка.

По тој успех, се пресели во Загреб, каде што продолжи да ја гради музичката кариера, додека во приватниот живот се вљуби во една девојка од Пула. Својата Македонија никогаш не ја заборави. Доказ се патриотските поп-песни посветени на родната грутка, сосе оваа, најновата, „Имаш еден дом“.

Дуле МИЌИЌ

 

 

ИЗДВОЕНИ