Жоан Пењароја стана едно од најжешките тренерски имиња во европската кошарка, по одличната работа што ја направи со тимот на Партизан. Шпанскиот стратег го презеде тимот во тежок период, по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, но успеа брзо да го стабилизира клубот и да го врати на победнички патеки.
Неговите резултати не поминаа незабележано, па интерес за него покажале Баерн и Анадолу Ефес, а во игра наводно е и Барселона.
Сепак, и покрај богатите понуди и интересот од европските великани, Пењароја јасно порачал дека сака да остане во Партизан и да го продолжи проектот што го започна во Белград.











