Ен Хатавеј откри дека нејзиниот пат до улогата во „Ѓаволот носи Прада“ не бил лесен. Taa призна дека долго време ја чекала својата шанса и дека била само деветта на листата на кандидати за улогата на Енди Сакс.
„Не бев првиот избор за улогата на Енди Сакс“, изјавила Хетавеј за People.
Кога ја прашале дали се сеќава на имињата на актерките на кои пред неа им била понудена улогата, Ен одговорила:
„Секако дека можам, сите тие имиња ми се истетовирани во мозокот сите овие години.“
Иако голем број познати актерки го одбиле проектот, Ен вели дека во тоа време не разбирала зошто се случува тоа.
„Беше малку неверојатно, бидејќи се прашав: „Зошто сите ја одбиваат оваа одлична улога во овој одличен филм?“ Не можев да го разберам тоа. Затоа денес сакам да замислувам дека тоа е еден вид судбина“, објасни актерката.
Хатавеј вели дека чувствувала посебна врска со проектот и затоа не сакала да се откаже, дури и кога другите кандидати имале предност.
„Причината зошто чувствував дека морам да продолжам да се борам за улогата и да ги држам очите кон целта беше затоа што имаше оваа неверојатна, речиси мистична привлечност на проектот, и можев да ја почувствувам“, рече таа.
Таа додаде дека единственото нешто што ѝ е важно е да влезе во филмот, без разлика на околностите.
„Само си помислив: „Не е важно како ќе влезеш во овој проект, само влези во него.“
Меѓу актерките во потесниот избор за улогата на Анди Сакс беа Рејчел МекАдамс, Џулиет Луис и Клер Дејнс, додека Кирстен Данст, Натали Портман, Скарлет Јохансон и Кејт Хадсон беа споменати и како потенцијални кандидатки.












