вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Да не се пали оган во природа

Да не се пали оган во природа

56

Националниот парк „Шар Планина“ упати апел преку социјалните мрежи до сите посетители по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за одговорно однесување при престој во природа.

Од паркот велат дека граѓаните се добредојдени да ги посетат природните убавини, но истовремено треба да внимаваат на заштитата на животната средина и безбедноста.

Посебно се апелира да не се фрла отпад, да не се пали оган на недозволени места и секој запален оган да се изгасне целосно по користење. Исто така, се нагласува потребата од почитување на флората и фауната.

Од НП „Шар Планина“ предупредуваат дека и најмала невнимателност може да предизвика сериозни последици по природата и повикуваат на заедничка грижа за заштита на паркот.

ИЗДВОЕНИ