вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Градежна офанзива во Крива Паланка

Градежна офанзива во Крива Паланка

1025

Во Крива Паланка, во моментов се случува градежна експанзија која е во полн ек. Се реализираат проекти на повеќе локации во општината.

Станува збор за изградба на централната улица „Јоаким Осоговски“, која е новото лице на градот, но и современо решение за побезбедна и поуредена Крива Паланка, потоа се уредува мајор коритото на Крива Река – простор што ќе стане симбол на современа и урбан град, се реконструира локалниот пат кон Калин Камен – стратешка инвестиција за подобра поврзаност и развој на туризмот. Воедно, се гради адреналински парк „Калин Камен“ – нова туристичка атракција, а партерно се уредува и дворот на Градскиот музеј – ново културно катче за граѓаните.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка денеска ги посети локациите за да изврши увид во градежните активности.

Тој потврди дека проектите се реализираат си интензивна динамика и го менуваат ликот на градот.

– Крива Паланка се менува. Чекор по чекор. Дел по дел, со засилено темпо- истакна Митовски.

 

ИЗДВОЕНИ