Поради најавените неповолни временски услови и неможноста настанот да се реализира согласно со планираните програмски и технички стандарди, ноќната урбана трка низ Центар – „Центар најт ран“, наместо на 12 септември, ќе се одржи на 7 ноември, 2026 година.
– Сите досегашни пријави автоматски се префрлаат за новиот датум и не е потребно да преземате дополнителни чекори. Доколку новиот датум не ви одговара, ќе биде овозможена целосна рефундација на уплатените средства – соопштија организаторите на трката „Прв до врв“.
Оттаму додаваат дека барањата за рефундација може да се достават најдоцна до 18 септември 2026 година, а деталите се наведени во е-поштата испратена до секој од пријавените учесници.
– По истекот на овој рок, ќе сметаме дека ја задржувате вашата пријава за „Центар најт ран“ на 7 ноември – велат од „Прв до врв“.












