вторник, јуни 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цените на нафтата продолжуваат да растат, „брент“ порасна за 50 проценти

Цените на нафтата продолжуваат да растат, „брент“ порасна за 50 проценти

202

Фјучерсите на нафтата „брент“ за јули пораснаа за 1,04 долари на 111,44 долари за барел, додека фјучерсите на Западен Тексас Интермедијар (WTI) пораснаа за 41 цент на 105,48 долари за барел, како резултат на блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран и блокадата на иранските пристаништа од страна на САД за извоз на сурова нафта.

Цените на нафтата растат од крајот на февруари кога САД и Израел го нападнаа Иран, што доведе до затворање на Ормускиот теснец и прекин на испораките на околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас, објави „Ројтерс“.

Цените на нафтата „брент“ пораснаа за 50 проценти само во март, објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ