Цената на златото се зголемија денеска за малку помалку од 2 отсто, на повеќе од 4.850 долари за унца, по објавата за смирувањето на ситуацијата околу судирот на Блискиот Исток.
До тоа дојде откако инвеститорите реагираа на веста дека Ормускиот теснец ќе остане целосно отворен за комерцијален сообраќај во текот на десетдневното примирја меѓу Израел и Либан, пренесе „Трејдинг економикс“.
Меѓутоа, според иранските поморски власти, бродовите се должни да транзитираат по „оординирана рута“, што е услов кој го повтори и министерот за надворешни услови на земјата Абас Арагчи.
Оваа објава предизвика драстичен пад на цените на нафтата кои денеска се пониски за околу 10 отсто, што барем краткорочно помогна во ублажувањето на инфлаторските притисоци.
Сепак, и покрај подобреното расположение, севкупанта ситуација останува кревка.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американсакта блокада на Ормуз останува на сила додека не биде постигнат сеопфатен договор.
Златото е сега на пат да ја заврши неделата со 0,8 осто повеќе.
Тоа е четврти последователен неделен раст, кој е поттикнат од очекувањата дека потраен договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран би можел да ги намали ризиците од инфлација и да ја ограничи потребата централната банка да ја затегне монетарната политика, пренесува „Танјуг“.












