вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Царина спречи шверц на златен накит вреден 1,5 милиони денари на ГП...

Царина спречи шверц на златен накит вреден 1,5 милиони денари на ГП Блаце

12
Фото: Царинска управа

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин.

При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со намера да ги криумчари, ги завиткало во црна ќеса и ги сокрило во фиоката под возачкото седиште.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителот И.М. поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

ИЗДВОЕНИ