Ракометната федерација на Македонија, информираше дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално дека нашата држава ќе биде организатор на Европското првенство за мажи до 18 години во 2028.
Одлуката беше донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан на 13 јуни 2026 година, а со тоа Македонија ја доби довербата да биде домаќин на едно од најзначајните младински ракометни натпреварувања во Европа.
Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува можност нашата земја уште еднаш да ја потврди својата организациска подготвеност и посветеност кон развојот на ракометот.
Доделувањето на организацијата на ЕХФ претставува уште едно значајно признание за македонскиот ракомет и потврда за континуираната работа на Ракометната федерација на Македонија во развојот и промоцијата на спортот на меѓународно ниво.












