Организацијата ФНЦ го зајакнува својот состав од ден на ден со борци кои привлекуваат внимание не само со своите резултати, туку и со својот карактер и изглед. Еден од оние кои особено се издвоија во последно време е Хатеф Моил, иранско-германски тешкаш кој со години не знае за пораз и кој ја потврди својата доминација со освојувањето на појасот во тешка категорија.
Моил е во импресивна серија од 13 последователни победи, а последен пат беше поразен во 2018 година. Тој ја освои шампинската титула во ФНЦ во Минхен, каде го победи Иван Витасовиќ и со тоа го презеде тронот во кралската дивизија.
Неговиот менаџер Иван Дијаковиќ во еден еден подкаст зборуваше за квалитетите на неговиот борец, но спомена и една не толку позната приказна во која откри дека Моил бил застрелан четири пати и ибоден осум пати на улица.
- Беше застрелан четири пати, избоден осум пати. За што зборуваме? Неодамна нокаутира двајца луѓе на улица, а некој од страна му скрши стол од главата и не падна. Не можеа ниту со стол да го соборат, откри Дијаковиќ.
Сепак, и покрај имиџот на опасен и застрашувачки борец, неговиот менаџер тврди дека тој е сосема поинаква личност.
- Има големо срце и е исклучително добар човек. Луѓето мислат дека е арогантен, но е лојален и со чисто срце. За мене, тој е еден од најдобрите луѓе во светот. Она што го покажува однадвор е шоу. Совршено ја игра улогата на негативец, но всушност е добар човек, заклучи Дијаковиќ.











