петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Со сослушување на сведоци на обвинителството, продолжува судењето за пожарот во дискотеката...

Со сослушување на сведоци на обвинителството, продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

113

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На претходното рочиште пред Судот сведочеше ПР на ДНК кој кажа дека прскалките биле од бендот, купувани легално од продавница во Кисела Вода, како и редовни гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март, минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

ИЗДВОЕНИ