Четири лица се повредени – од кои едно е во критична состојба – по повеќекратни напади со нож во југоисточен Лондон, соопшти полицијата во четвртокот.
Во соопштението на Метрополитен полицијата се наведува дека се уапсени седум лица по нападите со нож на улицата „Бромли Хај Стрит“ во југоисточен Лондон, пренесува „Би-би-си“.
Објавено е дека четворица мажи се пренесени во болница; еден од нив е во критична состојба, додека останатите тројца се лекуваат од повреди за кои се смета дека не се опасни по живот.
Полицијата соопшти дека екипи на брзата помош и лондонската служба за итна медицинска помош од воздух биле повикани на „Бромли Хај Стрит“ околу 14:20 часот по локално време (14:20 GMT), додека на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дел од улицата ограден од полициски службеници.












