Триесет и тригодишен возач од тетовското село Доброште, е уапсен, откако под дејство на алкохол возел во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово.
Инцидентот се случил денеска кога во полицијата било пријавено дека автомобил „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец.
По пријавата, полициски службеници го запреле возилото кај наплатната станица Тетово. При контролата било утврдено дека возачот Б.О. (33) имал 2,06 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.
Полицијата ги уапсила и неговите двајца сопатници, А.Ј. (27) од Нераште и Н.А. (38) од Доброште, бидејќи агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници при извршувањето на нивните должности.
Тројцата се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.












