понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Булеварскиот влез во Битола го заокружува целосниот изглед

Булеварскиот влез во Битола го заокружува целосниот изглед

240

Со континуирана интензивирана работа на терен, наскоро булеварскиот влез од страната на Прилеп ќе го добие потребниот заокружен изглед.

– Изградбата на терен се одвива со интензивно темпо, со дневни и со ноќни активности (асфалтирање, поставување инсталации, уредување тротоари, атмосферска канализација) – информира градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Тој додава дека распоредот на движење на возилата е поставен така што се минимизираат застоите во сообраќајот и истовремено е обезбедена квалитетна изведба.

– Битола заслужува современ и европски влез во градот, а битолчани со право очекуваат нивниот град да има достоинствен влез што ги рефлектира неговата историја и современоста – нагласува Коњановски.

 

ИЗДВОЕНИ