сабота, јули 25, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Бугарите испратија договор, но не се обврзаа за градење на тунелот кај...

Бугарите испратија договор, но не се обврзаа за градење на тунелот кај Деве Баир!?

110

Се уште нема договор со Бугарија за заедничка изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Според него, предлог договорот што Бугарија и го испрати на Македонија минатата недела не испратил позитивни вести.

– Се уште нема договор, кога би имало би го објавиле. Точно е дека се водат интензивни разговори и прашање на време е, на недели, а не на месеци, кога ќе се излезе со позитивни вести ако постои добра волја од страната на Бугарија. Идејата е да постигнеме договор со кој Скопје и Софија ќе се поврзат, а не да не се поврзат како што е сега, за жал – рече Николоски.

Тој вели дека договорот треба да содржи три сегменти.

– Првиот е изградба на заеднички тунел што треба да ги поврзува двете држави. За жал, во претходниот проект тунелот завршуваше буквално на пола, на слепа улица или слепа пруга. Вториот дел е јасна обврска да преземе Софија да го изгради делот од границата со Македонија до Ѓуешево, како и да го реконструира делот од Ѓуешево до Софија за да има модерна пруга и од нивната страна. Третата обврска е наша, да направиме ревизија на проектот што веќе правиме зашто е невозможно толку скапо да чини тој проект, за толку малку километри толку многу пари да се потрошат – истакна Николоски.

 

ИЗДВОЕНИ