Дилон Брукс и официјално останува во Финикс санс, кој му понуди нов тригодишен договор вреден 73 милиони долари, со што ќе остане во Аризона до летото 2030 година.
Брукс зад себе ја има најдобрата сезона во НБА-кариерата, во која бележеше просек од 20,2 поени, 3,6 скока и 1,8 асистенции на натпревар. И покрај тоа што пропушти 18 средби поради повредата на раката, тој беше еден од најважните играчи во тимот.
Финикс минатата сезона стигна до 45 победи, а раководството реши да го задржи костурот на екипата. Покрај Брукс, клубот ги ангажираше Колин Гилеспи, Марк Вилијамс, Џордан Гудвин, Мајлс Бриџис и Лук Кенард.
Брукс пристигна во Финикс минатото лето, како дел од размената во која Кевин Дурант го напушти клубот, а новиот договор е јасен доказ дека сметаат на него како еден од лидерите на тимот во наредните сезони.











