Повеќе од две децении откако првпат влегла во Неверленд, пензионираната детективка Руби Волф повторно се вратила на имотот на Мајкл Џексон. Нејзиното враќање било исклучително емотивно, а таа се расплакала откако видела детски цртеж врежан во ѕидот.

Волф првпат била во Неверленд во 2003 година, како дел од истрагата по обвинувањата на тогаш 13-годишниот Гевин Арвизо против Џексон.

Таа се присетува дека имотот бил полн со статуи на деца, луксуз и фотографии од Џексон со бројни познати личности.

Особено внимание ѝ привлекла неговата спална соба, до која, според неа, се стигнувало преку врата со ѕвонче.

Внатрешноста, пак, ја затекнала во хаотична состојба – расипана храна, преполни фиоки и облека и сценски костими расфрлани насекаде.

Во бањата забележала и мала врата која водела кон скриен премин, за кој верувала дека можел да служи за тајно движење низ имотот.

Најважното откритие, според нејзиното сведоштво, било во еден куфер, каде што истражителите пронашле порнографски материјали.

Волф верувала дека тоа претставувало важен дел од доказите во истрагата.

Сепак, по 14-неделното судење во 2005 година, Мајкл Џексон беше ослободен по сите точки од обвинението.

Исходот ја разочарал Волф, која и денес се прашува дали неговата огромна популарност влијаела врз поротата.

Нејзиното повторно враќање во Неверленд, години подоцна, повторно ги оживеало спомените од една од најконтроверзните истраги поврзани со кралот на поп-музиката.

ИЗДВОЕНИ