четврток, јули 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР откри нарко-скривалиште во напуштени подрумски простории во скопски Аеродром

МВР откри нарко-скривалиште во напуштени подрумски простории во скопски Аеродром

0

Од МВР информираат дека била пронајдена дрога во напуштени подрумски простории во зграда во Аеродром.

-На 08.07.2026 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно преземени мерки во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром пронајденa е поголема количина на разновидна наркотична дрога: бела грутчеста материја, халуциогени печурки, една кеса со поголема количина таблети-екстази, марихуана и три дигитални ваги. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

ИЗДВОЕНИ