недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ Британскиот крал првпат иднава недела ќе открие детали за својата даночна ситуација

Британскиот крал првпат иднава недела ќе открие детали за својата даночна ситуација

20
Фото: EPA/ANDY RAIN

Британскиот крал Чарлс Трети ќе го открие износот на данокот што го плаќа како монарх за јавноста за прв пат во четврток, изјави денес неименуван портпарол на кралското семејство, објави британската агенција „Ројтерс“ на својата веб-страница.

Иницијативата е дел од напорите на Бакингемската палата да демонстрира поголема одговорност и транспарентност.

Чарлс Трети не е законски обврзан да плаќа данок на доход, данок на капитална добивка или данок на наследство, но тој доброволно се согласил да плаќа данок на доход и, во случај на продажба на приватен имот, данок на капитална добивка.

Кралот заработува личен доход од земјиште, приватни имоти и инвестиции, покрај 132 милиони фунти (152 милиони евра) што ги добил од државата во текот на фискалната 2025-26 година за финансирање на своите кралски должности.

ИЗДВОЕНИ