недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ Германскиот министер за одбрана го обвини Трамп дека е одговорен за затворањето...

Германскиот министер за одбрана го обвини Трамп дека е одговорен за затворањето на Ормускиот теснец

37

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е одговорен за затворањето на Ормускиот теснец.

„На крајот на краиштата, Доналд Трамп го стави чепот во Ормускиот теснец, не ние, но во наш интерес е да го отстраниме“, рече Писториус во интервју за германскиот јавен сервис ARD.

Германскиот министер додаде дека отворањето на Ормускиот теснец, или можноста за безбеден транзит низ него, е во интерес на Европа, во интерес на снабдувањето со енергија и економското закрепнување.

Министерот додаде дека секој договор за повторно отворање на теснецот ќе бара поддршка од Иран и Оман.

Иранските власти објавија во саботата дека го затвораат Ормускиот теснец поради континуираните израелски напади врз јужен Либан, каде што Израелците ги напаѓаат позициите на либанското движење „Хезболах“, поддржано од Иран.

Трамп претходно во текот на денот се закани дека ќе го нападне Иран ако неговите сојузници во Либан, Хезболах, против кој се бори Израел, „продолжат да предизвикуваат проблеми“, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ