недела, јуни 28, 2026
Дома МАГАЗИН Бојан Илиевски како вистинска суперѕвезда! Победник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ спектакуларно...

Бојан Илиевски како вистинска суперѕвезда! Победник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ спектакуларно дочекан и во општината Кисела вода

233

Деновиве, Македонецот Бојан Илиевски од Скопје, кој  победи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, беше спектакуларно дочекан дома, откако се врати од Белград. Во нашиот главен град, во неговото родно Скопје, го дочекаа неговите најблиски, роднините, соседите, а секако и многубројната публика! Тој доби и официјално признание од својата матична општина, Општината Кисела вода. Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска организираше официјален прием за победникот, нагласувајќи дека неговиот успех е гордост и воедно успех за целата населба Кисела вода, а секако, и за државата. На средбата со градоначалничката веќе се договорени и првите големи професионални настапи.

Враќањето дома за Бојан е исполнето со многу емоции.

– Првиот драг пријател што го видов во Скопје беше Димче, менаџерот што работи со познатиот Јоце Панов. Најпрво отидовме на сладолед, па потоа славевме. Веќе следниот ден, славењето продолжило во поширок круг на пријатели. Но, пред тоа, одејќи накај својот бербер, се случил вистински емотивен шок, неочекувана средба со нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас. Фудбалерот Елмас веднаш го препознал Бојан, па му пришол и силно го прегрнал. Тие со години живееле во исто маало во Скопје.

Бојан покажува дека има големо срце и не ги заборава клучните луѓе во својот живот. Тој го посети и својот професор по пеење, легендарниот Владо Србиновски. Бојан се сретнал и со поранешниот финалист на „Звездите на Гранд“, пејачот Ален Хасановиќ од Прилеп, кој му честитал за титулата. Деновиве, победата се славеше во потесниот круг пријатели, на свечен ручек заедно со неговиот вујко Злате.

Верувале или не, најемотивниот дочек на Боки му го приредил неговиот верен миленик – кучето Арон. – Моето куче Арон ме дочека со посебен ентузијазам! Скокаше по мене, а кога седнав во дворот, тој дојде и цело време ме лижеше по рацете, по вратот. Навистина сакаше да ме гушне. Станува збор за тренирано куче кое инаку, воопшто не се гали.

 

ИЗДВОЕНИ