Како дел од оваа иницијатива, на неодамнешната онлајн свеченост им беа доделени стипендии за студии по стоматологија на младите студентки од Зубовце – Весна Максимовска и Теодора Страшевска. Едната е студент на прва година по стоматологија, додека другата веќе е дипломиран стоматолог, завршува магистратура и е на специјализација по ортодонција. Стипендиите се дел од програмата што ја најави Стојановиќ во чест на својот татко, стоматологот Александар Стојановиќ, со цел да се поттикнат нови генерации млади професионалци и да се создадат можности за нивни напредок и усовршување. Во рамките на програмата беше доделен и специјален грант за Мина Страшевска, а голем интерес предизвикува и програмата „Програмерски џинови“ („Coding Giants“, меѓународна школа за програмирање за деца и млади), преку која 40 деца и млади од Зубовце веќе се пријавиле за изучување на програмирањето и на современите технологии за вештачка интелигенција

Европскиот бизнис-ангел на годината и бизнисмен од светски размери, Душан Стојановиќ, иако живее и работи во Сингапур, не ги заборава семејните корени, кои влечат до гостиварско Зубовце. Тој деновиве го реализираше ветувањето што го даде минатата година, за развој и промоција на Зубовце и додели повеќе стипендии за поддршка на младите таленти, за нивно образование и професионален развој.

На неодамнешната онлајн свеченост им беа доделени стипендии за студии по стоматологија на младите студентки од Зубовце – Весна Максимовска и Теодора Страшевска. Едната е студент на прва година по стоматологија, додека другата веќе е дипломиран стоматолог, завршува магистратура и е на специјализација по ортодонција. Стипендиите се дел од програмата што ја најави Стојановиќ во чест на својот татко, стоматологот Александар Стојановиќ, со цел да се поттикнат нови генерации млади професионалци и да се создадат можности за нивни напредок и усовршување.

Голем интерес предизвика и програмата „Програмерски џинови“ („Coding Giants“, меѓународна школа за програмирање за деца и млади), преку која 40 деца и млади од Зубовце веќе се пријавиле за изучување на програмирањето и на современите ВИ-технологии. Во рамките на програмата беше доделен и специјален грант за Мина Страшевска, за поддршка и старт на иницијативата. Половина од средствата ги обезбеди Душан Стојановиќ, а втората половина – директно од „Програмерски џинови“.

На свечената промоција, тој посочи дека целта не е само финансиска помош туку и создавање локална заедница што ќе се развива преку знаење, технологија и меѓусебна поддршка. Истовремено, упати нов повик за апликации и вклучување на младите луѓе од тој регион.

Во моментов се отворени и дополнителни повици за нови кандидати, за неколку програми и грантови, како што е стипендијата за ВИ базиран маркетинг и продажба, потоа стипендија за студии по невронаука, како и грант за отворање дневен центар за деца, со цел поддршка на жените и нивни кариерен развој. Од организацијата посочија дека сакаат поголема конкуренција, повеќе идеи и повеќе млади луѓе што ќе аплицираат, со цел да се препознаат и поддржат локалните таленти од Зубовце и од регионот.

– Веруваме во пристап каде што заедницата создава нови можности преку знаење, технологија и меѓусебна поддршка – порача Душан, поддржан од сопругата Марие.

Тие минатата година го посетија родното место на неговите баба и дедо, Добрица и Манојло.

Тогаш имаа можност да прошетаат низ селото, да поразговараат со жителите и со своите роднини и од нив лично да ги слушнат старите семејни приказни, но се интересираа и за предизвиците и за можностите на селото. Беа одушевени од прекрасната природа и од трпезата со традиционална храна, која специјално за нив ја подготвија зубовчани. Стојановиќ истакна дека селото има потенцијал за агротуризам, што може да се развива и промовира со помош на вештачката интелигенција, оти, како што потенцираше, иднината на природните убавини и реткости на Македонија може да се креира преку вештачката интелигенција.

– Може да се стави акцент на туризмот и на раскажувањето приказни. Македонија има природни „приказни“, но ретко знае да ги искористи и спакува. Треба да научиме да ги преточиме приказните во конкретни туристички производи и содржини. Туризмот е огромна шанса за Македонија. Јас ја обожувам оваа земја што се однесува до природните убавини. Земјата има неверојатни убавини, пример е Охрид со чистата вода и екосистемот. Тоа може да се претвори во конкретен производ со едноставни чекори, кој ќе носи пари. Треба да се делува со мали, но конкретни чекори. Маркетингот со помош на ВИ е нешто што треба да се користи – рече тогаш Стојановиќ.

Интересно е да се спомене дека тој, по линија на мајка, има роднинска поврзаност со големиот Никола Тесла.

(Р. В.)

 

ИЗДВОЕНИ