Народниот театар Битола и фестивалот „Бабел ФАСТ“ од Романија потпишаа меморандум за соработка, кој претставува уште еден значаен чекор во меѓународното поврзување и афирмирање на Битолскиот театар.

Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски, и уметничкиот директор на „Бабел ФАСТ“, Ливју Келоу, со што се отвораат нови можности за размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи.

– Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и за уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека тој одамна ги надминал локалните и националните рамки. Големината на еден театар не се мери само според неговата историја и традиција туку и според способноста да создава нови вредности, да воспоставува партнерства и да биде препознаен и почитуван на меѓународната театарска мапа.

Народниот театар Битола продолжува да гради мостови, да отвора нови хоризонти и да ја афирмира Битола како град на театарот и на културата – велат од Битолскиот театар.

ИЗДВОЕНИ