сабота, февруари 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства

Бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства

46

Општина Крива Паланка распиша јавен повик за бесплатно летување за децата од 7 до 14 години, ученици од второ до деветто одделение во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ за 2025 година.

Од Општината ги повикуваат: сите деца што потекнуваат од семејства корисници на гарантирана минимална парична помош (социјална помош), семејства на самохран родители, децата без родители и родителска грижа, децата на разведени родители чии месечни примања на родителот не го надминуваат нето-приходот од 35.000 денари, децата од семејствата со лоша финансиска состојба чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-приходот од 50.000 денари.

Сите што ги исполнуваат критериумите наведени во овој јавен повик, треба да достават пријава со цел стекнување на правото за користење бесплатно летување, во просториите на архивата при Општина Крива Паланка.

 

 

ИЗДВОЕНИ