четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатни здравствени консултации во младинскиот центар „Матично“   

Бесплатни здравствени консултации во младинскиот центар „Матично“   

29

Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар в понеделник ќе организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во општинскиот младински центар „Матично“, во периодот од 9:00 до 15:00 часот.

Граѓаните в понеделник ќе имаат можност да поразговараат за својата здравствена состојба  со тим составен од гинеколог, ортопед, дерматовенеролог и инфектолог. Во рамките на акцијата на Општина Центар, студенти по медицина ќе вршат мерење на крвниот притисок и на гликозата во крвта.

Во стручниот тим ќе бидат вклучени и советниците во Советот на Општина Центар, Снежана Георгиева-Јаневска, гинеколог, и Александар Савески, ортопед трауматолог.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советување со лекарите.

– Оваа акција ја спроведуваме со цел да ја поттикнеме свеста за грижата за сопственото здравје и превентивните контроли. Здравото население е најголемото богатство на една држава – потенцираше Герасимовски.

Активноста се реализира во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување „Хера“.

Општина Центар продолжува со иницијативите насочени кон подобрување на квалитетот на живот и поттикнување на здравите животни навики кај граѓаните.

 

ИЗДВОЕНИ